Историја
Bettina Barty – Производи за лична нега „Произведени во Германија“: Квалитет, иновација и доверба за секојдневна благосостојба
Добредојдовте во светот на Bettina Barty – бренд кој со децении се залага за висококвалитетна и пристапна нега за кожа. Со историја која датира од 1960-тите, денес Bettina Barty е инспирација за потрошувачите ширум светот во над 70 земји.
100% произведени во Германија, придаваме големо значење на квалитетно и одговорно производство. Со наше сопствено истражување и развој, гарантираме иновативни производи за нега кои ги задоволуваат највисоките барања.
Нашите производи нудат уникатни мириси и нега, кои ќе го збогатат Вашето секојдневие со луксузни моменти. Тежнееме кон состојки за нега со висок квалитет, кои ја негуваат и штитат кожата.
Од класични линии како што се Musk, Vanilla и Lila Vanilla, па сѐ до модерните – Bettina Barty го има соодветниот производ за сечиј вкус. Со фокус на дизајн кој одговара на најновите трендови и највисок квалитет, Bettina Barty е совршениот пријател за Вашата секојдневна рутина за нега.
Особено ни е важно да имаме близок контакт со нашите потрошувачи – да бидеме Ваш партнер за лична нега на кого можете да му верувате.
Разгледајте ги нашите разновидни производи за нега и пронајдете го производот кој совршено ќе Ви одговара!
1961
Принцип на основање и водење на брендот
Во 1961 година, во Франкфурт, е основан брендот за козметика „Bettina Barty“. Уште од основањето, брендот е фокусиран на декоративна козметика и производи за лична нега. Од самиот почеток, „Bettina Barty“ има за цел да нуди висококвалитетни производи за секојдневна нега, а сепак достапни за секого.
1968
Преземање на брендот од страна на компанијата „STRAUB MARBERT“.
Во 1968 година, брендот е преземан од страна на компанијата „STRAUB MARBERT“. Фамилијарна козметичка компанија со седиште во Вертхајм. Оваа компанија е фокусирана кон развој и производство на производи од сопствен бренд, како и производи со приватна етикета за дрогерии и дисконти.
1988
Почеток на успешната приказна на „Bettina Barty“
Со успешното лансирање на МОШУС линијата во 1988, „Bettina Barty“ доби меѓународна слава. Линијата со мирис на мошус е идеален пример со производи соодветни и за мажи и за жени – моќен, привлечен и нежен во исто време. Овој безвременски мирис совршено одговара за секоја пригода и секој стил.
1989
Воведување на линијата со мирис на ванила
Само една година по воведувањето на линијата со мирис на мошус, се воведе дополнителна линија со мирис на ванила. За кратко време, „Vanilla“ линијата стана продажен хит и значајно допринесе за успесите на брендот „Bettina Barty“. Сè до денес, „Vanilla“ се смета за класик и важи за верен придружник на секој што бара нешто уникатно.
2014
Нови производи и ограничени линии на производи го надополнуваат асортиманот
Палетата на производи постојано се зголемува и се воведуваат сезонски и тренд произоди.
2023
Враќањето на нашите безвременски линии
2023 е година на носталгија за „Bettina Barty“. По барање на многумина од нашите верни потрошувачи, линиите „PURPLE VANILLA“ и „PEACH“ ги вративме повторно во асортиманот. Од тогаш, па сѐ до денес, овие производи нè прават нас и нашите потрошувачи среќни.
2024
Време е за дополнителна порција љубов за нашите верни потрошувачи
Љубов при првиот мирис – со нашата нова „LOVE VANILLA“ линија. Романтичен и разигран розев дизајн, вистински магнет за вашите очи.
2024
Време за одржливост
Со новата линија „COOL DOWN 4 YOU“, овозможуваме „Bettina Barty“ да блеска во модерен дизајн. Оваа линија е со првиот одржлив концепт. Одржливо и стилски? – Без сомневање со нашите сапуни!